Роден во селото Текуја, во близина на Витлеем. Прост според потеклото и животот, Амос беше свињар кај Ерусалимските богаташи. Но, Бог Којшто не гледа кој е кој по надворешност, туку по чистотата на срцето, и Кој и Мојсеј и Давид ги зеде од кај овците и ги постави за водачи на народот, го избра овој Амос за Свој пророк. Тој го изобличуваше царот Озија и неговите жреци за идолопоклонство и го одвраќаше народот од поклонувањето пред златните телиња во Ветил, учејќи го да Му се поклонува на Единиот и Живиот Бог. Кога беше гонет од главниот жрец Амасија, тој прорече дека Асирците ќе го покорат Израилот, дека ќе ги избијат со меч и царот и синовите на Амасија и дека жената негова пред негови очи ќе ја оскверант со блуд асирските војници, зашто и Амасија го заведе народот да блудничи со идолите. Сево ова потоа и стана. Еден од синовите на жрецот го удри пророкот со стап по челото толку силно, што тој падна. Едвај жив беше однесен во неговото село Текуја, каде што ја испушти светата душа. Живееше во 8 век пред Христа.
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...