Исус исцелува мнозина
[14] Кога дојде во домот на Петар, Исус ја виде тештата негова како лежи болна од треска,
[15] и се допре до раката нејзина, и треската ѝ помина; таа стана и им служеше.
[16] А кога се стемни, доведоа кај Него мнозина бесомачни, и Тој со збор ги изгони духовите и ги излекува сите болни,
[17] за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели: „Тој ги зеде нашите немоќи и ги понесе болестите.“
Колебливи следбеници
[18] Кога виде Исус околу Себе многу народ, им заповеда на учениците да минат на другата страна.
[19] И откако пристапи до Исус еден книжник, му рече: „Учителе, ќе врвам по Тебе каде и да одиш.“
[20] А Исус му рече: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда; а Синот Човечки нема каде глава да потслони.“
[21] Друг, пак, од учениците Негови Му рече: „Господи, дозволи ми најнапред да отидам да го погребам татко ми.“
[22] Но Исус му рече: „Врви по мене и остави ги мртвите да ги погребуваат своите мртовци!“
Исус смирува бура
[23] И кога Тој влезе во коработ, по Него влегоа и учениците Негови.
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/sveto-evangelie-spored-svetiot-apostol-matej-814-23/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...