[13] Вам, незнабошци, ви велам; до колку сум јас апостол на незнабошците, ја прославувам својата служба,
[14] та некако да возбудам ревност во својот род по тело, и некого од нив да спасам.
[15] Зашто, ако нивното отфрлање значи измирување за светот, тогаш што ли друго ќе значи нивното примање, ако не оживување од мртвите?
[16] Ако првиот дел од тестото е свет, тогаш свето е и целото тесто: и ако е коренот свет, свети се и гранките.
[17] Ако, пак, некои од гранките се скршени, а ти, кој си дива маслинка, си бил прикалемен на нивното место и си станал заедно со нив соучесник во сочниот корен на маслинката,
[18] не биди горделив пред гранките! А ако сепак, се возгордееш, треба да знаеш дека ти не го држиш коренот, туку коренот тебе!
[19] Но ти тогаш ќе кажеш: гранките беа откршени за да бидам јас прикалемен.
[20] Добро. Тие поради неверие беа откршени, а ти поради вера се држиш: немој да бидеш горделив, туку имај страв.
[21] Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, нема ни тебе да те поштеди.
[22] Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако издржиш во благоста; во спротивно, и ти ќе бидеш отсечен.
[23] Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, зашто Бог има моќ пак да ги прикалеми.
[24] Зашто, ако си ти откинат од маслинка која е по природа дива, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тогаш колку полесно ќе бидат прикалемени на својата маслинка оние кои по природа потекнуваат од неа.
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/poslanie-na-svetiot-apostol-pavle-do-rimjanite-1113-24/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...