Пострадани за време на т.н. „Боксерско востание“, во 1900, кое беше насочено против туѓинците и против христијаните. Бунтовниците ги запалија просториите на православната мисија и многумина од христијаните, криејќи се, се собраа во домот на свештеникот Митрофан (кој беше ракоположен за свештеник од самиот свети Николај Јапонски). Бунтовниците го опкружија домот на Митрофан, во кој тогаш беа собрани околу 70 христијани, меѓу кои и жени и деца. Митрофан ним им беше ангел-утешител, кој ги бодреше и тешеше пред да го задобијат венецот на славата. Бунтовниците сите ги мачеа и повеќето од нив издивнаа истиот ден, од раните од мачењето. Меѓу еден од оние што останаа живи по тој напад, беше 8-годишниот Јован, на кого му ги расекоа рамениците и му ги отсекоа ножните прсти, носот и ушите. Наредниот ден, без облека и обувки, тој седеше на влезот и на прашањето на луѓето дали го боли, одговараше – не. Децата му се потсмеваа, нарекувајќи го „следбеник на ѓаволот“. Но, тој одговараше: „Јас сум следбеник на Христос Бог“. Јован бараше вода кај соседите, но тие не само што не му ја даваа, туку и го бркаа. Иако раните беа многу длабоки, момченцето не чувствуваше болка и кога повторно го фатија, не покажуваше страв. Придружуван од потсмев и навреди од страна на своите сограѓани безбожници, беше заклан како јагне. Меѓу постраданите за Христос имаше и Албазинци, потомци на оние славни Албазинци што ја донесоа светлоста на Христовата православна вера во 1685 година во главниот град на Кина, Пекинг, и ја сочуваа верноста кон неа. За верност кон светото православие Господ ги награди нивните потомци со славата на мачеништво и исповедништво. Вкупно пострадаа 222 христијани и се здобија со маченички венци.
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...