Една од најстарите чудотворни икони, наречена „Достојно Ест”, и ден-денес се наоѓа во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица, во Кареја. Имено, според преданието, некаде кон крајот на X век, недалеку од Карејскиот манастир, во испосница живеел некој светогорски Старец со својот послушник. Еднаш старецот се упатил во блискиот манастир на бдение, оставајќи го послушникот сам во ќелијата. Таа ноќ на послушникот му дошол некаков необичен монах. Тој му се придружил на послушникот во сеноќната молитва кон Бог. Но, кога дошол моментот да се возвеличи Пречистата со познатата химна „Почесна од херувимите…”, непознатиот монах му предочил дека кај него најпрво ја пеат песната „Достојно ест” и со прекрасен, умилителен глас му ја испеал на послушникот таа песна, а за сето тоа време иконата на Богородица блескала со неземна светлина. На молба на послушникот, непознатиот гостин со прст му ја врежал оваа песна на камена плоча, која под неговите чудотворни раце станала мека како восок. Потоа исчезнал ненадејно, оставајќи завет од тој момент па натаму така да се велича Богомајката. Дури тогаш послушникот сфатил дека неговиот необичен посетител бил архангел Гаврил. Подоцна камената плоча со врежаниот натпис била однесена во Константинопол, а иконата била пренесена во Карејскиот храм, каде и денес ги восхитува бројните посетители на Богородичната Градина.
https://pmz.mk/pravoslaven-kalendar/praznik-na-ikonata-dostojno-e/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...