[2] Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израилев, велејќи:
[3] „Господи, ги убија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас останав сам, и сакаат да ми ја земат душата.“
[4] А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги свиткаа колената пред Ваал.“
[5] Така и во сегашно време има еден остаток избран по благодат.
[6] Но, ако е по благодат, не е веќе по дела, зашто тогаш благодатта не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.
[7] И што тогаш? Израил не го доби она што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се закоравија,
[8] како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: очи да не гледаат и уши да не слушаат, сѐ до денешниов ден.“
[9] И Давид вели: „Трпезата нивна да им биде стапица, клопка, соблазна и отплата;
[10] да им се замрачат очите нивни за да не гледаат, и грбот нивни да им се свитка засекогаш.“
[11] Ви велам пак: зар се сопнаа за да паднат? Не! Но со нивниот престап дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.
[12] Ако, пак, нивниот престап значи богатство за светот, и нивниот намален број – богатство за незнабошците, колку повеќе ќе значи нивната потполност.
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/poslanie-na-svetiot-apostol-pavle-do-rimjanite-112-12/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...