[11] А и Писмото вели: „Секој кој верува во Него, нема да се посрами.“
[12] Нема разлика меѓу Јудеец и Елин, зашто еден и ист е Господ на сите, богат за сите кои Го повикуваат.
[13] Бидејќи секој кој ќе го повика името Господово, ќе биде спасен.
[14] Но како да Го повикаат Оној во Кого не поверувале? Како, пак, да поверуваат во Оној за Кого не слушнале? А како да слушнат, ако нема кој да проповеда?
[15] И како да проповедаат, ако не бидат испратени, како што е напишано: „Колку им се прекрасни нозете на оние, што благовестат мир, што го благовестат доброто.“
[16] Но Евангелието сите не го послушаа. Зашто Исаија вели: „Господи, кој поверува во она што го проповедавме?“
[17] Затоа, верата доаѓа од слушањето на пораката, а пораката – од Божјото слово.
[18] Но велам: зар тие не слушнаа? Напротив. „Гласот им се разнесе по целата земја, и зборовите нивни – до краиштата на вселената.“
[19] Пак велам: зар Израил не разбра? Најнапред Мојсеј кажа: „Јас ќе ве раздразнам до љубомора со оние кои не се народ; со неразумен народ ќе ве разгневам.“
[20] А Исаија се осмели да каже: „Ме најдоа оние кои не Ме бараа, им се открив на оние, кои не прашаа за Мене.“
[21] За Израил, пак, вели: „Постојано ги подавав рацете Свои кон народ непослушен и бунтовен.“
Бог не го отфрла Израил
[1] И затоа, ви велам: Зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Зашто и јас сум Израилец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово.
[2] Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред го одбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бог Израилев, велејќи:
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/poslanie-na-svetiot-apostol-pavle-do-rimjanite-1011-21-111-2/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...