Бидејќи човекот е повикан да достигне „подобие Божјо", односно тој е создаден да стане бог, тогаш ако не е на патот кон обожение, тој чувствува празнина во себе, дека нешто не е во ред. Не чувствува вистинска среќа дури и кога се обидува да ја пополни празнината со други активности. Тој може да се умртви, да создаде свој измислен свет, но истовремено тој е плиток, мал и ограничен. Човек се заробува и се затвора во овој измислен свет.
Си го организира животот на таков начин што речиси никогаш нема мир, никогаш не е сам со себе. Со врева, напнатост, телевизија, радио и со други информации за речиси што било, се обидува како што некои се обидуваат со дрога да заборави, да не мисли, да не се грижи, да не се сеќава дека е на погрешниот пат, дека застранил далеку од својата цел.
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...