[18] Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што сака.
Божјиот гнев и Божјата милост
[19] Но ти секако ќе ми речеш: „А зошто тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја?
[20 Ама, човеку, кој си ти што така се спориш со Бога? Зарем она што е ракотворено ќе му рече на својот мајстор: зошто си ме направил такво?
[21] Или, пак, грнчарот – зарем не е господар над својата глина, па од една и иста смеса да направи еден сад за почесна, а друг за нечесна употреба?
[22] Што, ако Бог, сакајќи да го покаже гневот Свој и да ја пројави Својата моќ, со голема долготрпеливост трпел некои садови на гневот, приготвени за погибел,
[23] за да го покаже богатството на Својата слава над садовите на милосрдието што Тој однапред ги приготвил за слава,
[24] над нас, кои нѐ повика не само од Јудејците, туку и од незнабошците?
[25] Така се вели и во книгата на Осија: „Ќе го наречам Мој народ оној кој не беше Мој народ, и возљубена – онаа што не беше возљубена.“
[26] И на она место, каде што им беше речено: „Вие не сте Мој народ“, таму ќе бидат наречени синови на живиот Бог.
[27] А Исаија извика за Израил: „Кога Израилевите синови би биле бројни како морскиот песок, само остатокот ќе биде спасен“,
[28] зашто ќе го заврши делото и ќе реши по правда: „Господ ќе го изврши во потполност словото на земјата.“
[29] И како што прорече Исаија: „Ако Господ Саваот не ни беше оставил потомство, ќе станевме како Содом и ќе заприлегавме на Гомора.“
Израил и Евангелието
[30] И што да кажеме сега? Незнабошците, кои не бараа праведност, добија праведност, и тоа праведност што доаѓа од верата.
[31] И Израил, кој тежнееше кон некаков закон за праведност, не го достигна Законот на правдата.
[32] Зошто? Зашто не го побара од вера, туку од делата на Законот. Се препна од каменот за сопнување,
[33] како што е напишано: „Еве, полагам на Сион камен за сопнување и карпа за соблазна; и секој, кој верува во Него нема да се посрами.“
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/poslanie-na-svetiot-apostol-pavle-do-rimjanite-918-33/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...