Пратеници од Јован Крстител
[2] А Јован, штом чу во затворот за Христовите дела, испрати двајца од своите ученици
[3] и му рече: „Ти ли си Оној што треба да дојде или да чекаме друг?“
[4] Исус им одговори и рече: „Одете и кажете му на Јован што слушате и што гледате:
[5] слепи прогледуваат и сакати проодуваат; лепрозни се очистуваат и глуви прослушуваат; мртви воскреснуваат и на сиромашните им се проповеда Евангелието.
[6] И блажен е оној што не се соблазнува поради Мене.“
[7] А кога си отидоа овие, Исус почна да му зборува на народот за Јован: „Што сте излегле да видите во пустината? Трска ли, што се лулее од ветрот?
[8]Но, што излеговте да видите? Човек ли, облечен во меки алишта? Ете, оние што носат меки алишта, по царски палати се.
[9] Па, што излеговте да видите? Пророк ли? Да, ви велам, и повеќе од пророк!
[10] Зашто тој е оној за кого е напишано: ‚Ете, Јас го праќам Мојот ангел пред лицето Твое, кој ќе го приготви патот Твој пред Тебе.‘
[11] Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител, но најмалиот во царството небесно е поголем од него!
[12] А од деновите на Јован Крстител па до сега, царството небесно со напор се освојува и силните го грабаат,
[13] зашто сите Пророци и Законот пророкувале до Јован.
[14] И, ако сакате да прифатите, тој е Илија, кој треба да дојде.
[15] Кој има уши да слуша, нека чуе!“
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/sveto-evangelie-spored-svetiot-apostol-matej-112-15/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...