Светлина за телото
[22] „Светило за телото е окото. И така, ако твоето око биде чисто и целото твое тело ќе биде светло;
[23] ако, пак, твоето око биде лошо, целото твое тело ќе биде темно. И така, ако светлината, што е во тебе, е темнина, тогаш колкава ли ќе е темнината?“
Или Бог или богатство
[24] „Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.
За грижите
[25] Затоа ви велам: немојте да се грижите за вашата душа – што ќе јадете или што ќе пиете; ниту за вашето тело, во што ќе се облечете. Зар не чини душата повеќе од храната, и телото – од облеката?
[26] Погледнете ги птиците небески: тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбар собираат, но вашиот небесен Отец ги храни. Зар не сте вие многу поскапи од нив?
[27] А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакт?
[28] Зошто се грижите и за облеката? Погледнете ги полските кринови како растат! Не се трудат, ниту предат;
[29] но ви велам дека ниту Соломон, во целата своја слава не се облече така, како еден од нив.
[30] Па, ако полската трева, што денеска ја има, а утре во печка се фрла, Бог така ја облекува, а колку ли повеќе вас, маловерни!?
[31] Па затоа, не грижете се и не говорете: ‚што да јадеме, или што да пиеме‘, или ‚во што да се облечеме?‘
[32] Зашто сето тоа го бараат незнабошците, а вашиот Отец небесен знае дека од сето ова имате потреба.
[33] Но, барајте го најнапред царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде.
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...