[6] А не е можно словото Божјо да изневерило: бидејќи не се Израил сите оние што се од Израил.
[7] Ниту, пак, се сите потомци Авраамови, затоа што се негови чеда; но речено е: „Од Исак потомството ќе се нарече со твое име.“
[8] Односно, не чедата на телото се чеда Божји, туку чедата на ветувањето ќе се признаат како потомци.
[9] Бидејќи зборовите на ветувањето се овие: „Во тоа време ќе дојдам и Сара ќе има син.“
[10] И не само таа, но и Ревека, која наеднаш зачна од Исак, нашиот татко,
[11] зашто, уште додека не се беа родиле близнаците и сѐ уште ништо не беа направиле, добро или лошо, за да остане така како што Бог по избор одредил,
[12] не заради делата, туку заради Оној Кој повикува, ѝ беше речено: „Постариот ќе му служи на помладиот“,
[13] како што е напишано: „Јаков го возљубив, а Исав го намразив.“
[14] Што да речеме пак? Зар има неправда во Бога? Никако!
[15] Зашто Тој му рече на Мојсеј: „Ќе покажам милост кон оној што ќе го помилувам, и сожалување кон оној што ќе го сожалам.“
[16] И затоа, изборот не зависи од оној кој пожелува, ниту од оној кој трча, туку од Бога, Кој покажува милост.
[17] Зашто Писмото му вели на фараонот: „Токму за тоа те издигнав, за да ја покажам над тебе Својата моќ и името Мое да биде проповедано по целата земја.“
[18] Па така, му искажува милост кому што сака, и го закоравува кого што сака.
Божјиот гнев и Божјата милост
[19] Но ти секако ќе ми речеш: „А зошто тогаш уште нѐ кори?“ А кој може да се спротивстави на Неговата волја?
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/poslanie-na-svetiot-apostol-pavle-do-rimjanite-96-19/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...