Плачи пред Бога, а не пред твојот другар на пауза. Плачи пред Бога – не плачи пред луѓето. Измиј го лицето пред луѓето и биди цврст, весел и силен.
Имаме сè. Имаме повеќе отколку што заслужуваме. Имаме повеќе отколку што сме достојни.
Заблагодарувај му на Бога, не барај ништо од Него.
Слава Ти, Господи, жив сум.
Слава Ти, Господи, имам пријатели.
Слава Ти, Господи, на свои нозе сум и со здрав разум.
Слава Ти, Господи, имам работа, имам колку – толку пари, купувам свој леб, не просам.
Слава Ти, Господи, крстен сум.
Слава Ти, Господи, многу знам и можам да читам, можам да ја совладам секоја наука.
Слава Ти, Господи, сè уште го имам целиот свој живот пред мене.
Слава Ти, Господи, кога ќе умрам, ќе влезам во Рајот, затоа што Ти умре за мене – верувам во ова, сакам да живеам во Рајот. Да живеам вечно. Зошто да не?!
Еј, луѓе, охрабрете се, престанете да живеете во осаменост, да се грижите и да тагувате! Безбожниците нека тагуваат, тие нека се грижат и нека бидат во униние (осаменост).
Нека ги тераат своите маки со сатанските задоволства. Нека се „шират“, „движат“ и душкаат, бидејќи веќе немаат радост.
Вие и јас имаме милион причини да се насмевнеме и да кажеме: „Слава Ти, Господи, слава Ти!“
Протоереј Андреј Ткачев
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...