[9] Не носете во појасите ваши ниту злато, ниту сребро, ниту бакар,
[10] ниту торба за пат, ниту двојни алишта, ниту обувки, ниту стап; зашто работникот ја заслужува својата прехрана!
[11] А штом влезете во некој град или село, распрашајте кој е во него достоен, и таму останете додека не си отидете.
[12] И кога ќе влезете во куќата, поздравете ја говорејќи: ‚Мир во овој дом!‘
[13] И ако куќата биде достојна, вашиот мир ќе дојде на неа; ако ли не е достојна, тогаш вашиот мир ќе се врати кај вас!
[14] Ако, пак, некој не ве прими и не ги послуша зборовите ваши, излезете од таа куќа или од тој град и истресете го правот од нозете ваши!
[15] Вистина ви велам: полесно ќе ѝ биде на земјата содомска и гоморска во судниот ден отколку на тој град!“
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/sveto-evangelie-spored-svetiot-apostol-matej-109-15/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...