Христијаните ослободени од Законот
[1] Или, пак, не знаете, браќа, – им зборувам на такви што го познаваат Законот – дека Законот има власт над човекот додека е тој жив?
[2] Омажената жена е поврзана преку законот со мажот, додека е тој жив; ако умре мажот, таа се ослободува од законот, кој ја сврзал со мажот.
[3] Затоа, ако се омажи за друг маж, додека ѝ е уште жив нејзиниот маж, таа ќе стане прељубница; ако, пак, умре мажот, таа е слободна од законот, и нема да биде прељубница, кога ќе се омажи за друг човек.
[4] Па така и вие, браќа мои, за Законот преку телото на Исус Христос умревте, за да Му припаднете на Друг, на Оној Кој беше воскреснат од мртвите, та да Му принесеме плод на Бога.
[5] Зашто, кога живеевме во телото, тогаш страстите гревовни, преку Законот, дејствуваа во органите, за да ѝ принесеме плод на смртта;
[6] но сега, ние сме слободни од Законот, откако умревме за она за што тој нѐ држеше врзани, за да Му служиме на Бога со обновен дух, а не според старата буква.
Ефектите на Законот
[7] Што да речеме пак? Зар Законот е грев? Никако! Но јас го разбрав гревот преку Законот, зашто и похотата не би ја познал, ако Законот не велеше: „Не биди похотлив!“
[8] Но гревот, поттикнат од заповедта, предизвика во мене секаква похота; бидејќи гревот без Законот е мртов.
[9] Некогаш живеев без Законот; но кога дојде заповедта, гревот оживеа.
[10] Јас, пак, умрев, и се покажа дека заповедта, назначена за да даде живот, истата води во смрт,
[11] зашто гревот, поттикнат од заповедта, ме измами и преку неа ме умртви.
[12] Така, значи, Законот е свет, и заповедта света, справедлива и добра.
Гревот преовладува во човекот
[13] Па така, доброто ли за мене стана смрт? Никако! Но гревот, за да се покаже дека е грев, ми предизвикува преку доброто смрт, та преку заповедта гревот да стане премногу грешен.
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/poslanie-na-svetiot-apostol-pavle-do-rimjanite-71-13/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...