Ризниците на Небото
[32] Не плаши се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
[33] Продајте си ги имотите ваши и давајте милостина! Подгответе си ќесиња што нема да изветват, неисцрпна ризница на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
[34] зашто, каде што е вашата ризница, таму ќе биде и срцето ваше.
За слугите што секогаш бдеат
[35] Нека ви биде половината препашана и светилата – запалени!
[36] Тогаш и вие ќе личите на оние луѓе, што го чекаат својот господар да се врати од свадба, за да му отворат веднаш штом ќе дојде и почука.
[37] Блазе на оние слуги што ќе ги затече господарот будни, кога ќе си дојде! Вистина ви велам, тој ќе се препаша и ќе им рече да седнат, па ќе пристапи и ќе им служи.
[38] А ако дојде и на втора или на трета ноќна стража, и ги затекне така, блазе на тие слуги!
[39] Знајте го и тоа дека, ако домаќинот на куќата би знаел во кој час ќе дојде крадецот, тој би седел буден и не би дозволил да му ја поткопаат куќата.
[40] Затоа и вие, бидете подготвени, зашто Синот Човечки ќе дојде во часот кога не се надевате!“
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/sveto-evangelie-spored-svetiot-apostol-luka-1232-40-2/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...