Евангелските заповеди им се дадени на сите луѓе што живеат во светот, зашто тогаш немало ни монаси ни манастири. Сите христијани треба да го помнат словото Господово: „Во светот ќе имате маки”. Истото е речено и во Делата апостолски: „Во царството Божјо треба да влеземе преку многу маки”. Не е одредено со какви маки, туку општо „многу”, зашто секој човек има свои маки, со оглед на неговата надворешна положба и внатрешно настроение и немоќ. Согласно тоа, еден мора да вкуси една вид жалост, а друг друг вид. Но за се Господ воспоставил едно општо правило: „Со трпение спасувајте си ги душите”, како и: „Кој претрпи докрај, ќе се спаси”
https://pmz.mk/dnevno-pravoslavie/pouka-na-denot/pouka-na-sveti-amvrosij-optinski-31-maj-13-juni/
Православна Македонска Заедница е канал посветен на православната вера, духовноста и македонската традиција. Ова е вовед во мисијата на каналот и неговата цел.
Locals го користам како заедничко место за комуникација со сите што ме следат на различни платформи; сè е бесплатно и отворено за сите.
Бог да ве благослови!
#православие #вера #христијанство #македонија
Дали знаете, браќа мои, дали сфаќате зошто и поради што Христос бил распнат? Тој бил распнат заради нас и нашето спасение. Погледнете Го Распнатиот! Ги гледате ли Неговите нераспадливи стапала што се приковани на Крстот? Тие се заковани заради нас, да ги исправат нашите стапки на патот кон Вистината, верата и добродетелите! Ги гледате ли Неговите раширени раце на Крстот? Тие претставуваат слика на огнената љубов со која Он не љуби. Тие не прегрнуваат и предаваат на Неговиот небесен Отец, тие не прават Негови деца и синови и богови по благодат! Го ...
На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти својот народ. Главниот идол Перун беше...